0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталВидео изјаваЕкономијаПолитика

Царовска во Вевчани: Инвестираме во малите општини, за побрз локален и регионален развој

Реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект ќе придонесе за збогатување на туристичките содржини во општина Вевчани, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска по извршениот увид на завршените и тековните активности за реализација на потпроектот „Туристички центар Вевчани – еден центар, еден туристички производ“, заедно со замениците министри за економија и за локална самоуправа,  Кирил Колемишевски и Дејан Павлески, во придружба на градоначаникот на Вевчани Сашо Јанкоски. -Владата во соработка со Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на Светската банка обезбеди еде

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект ќе придонесе за збогатување на туристичките содржини во општина Вевчани, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска по извршениот увид на завршените и тековните активности за реализација на потпроектот „Туристички центар Вевчани – еден центар, еден туристички производ“, заедно со замениците министри за економија и за локална самоуправа,  Кирил Колемишевски и Дејан Павлески, во придружба на градоначаникот на Вевчани Сашо Јанкоски.

-Владата во соработка со Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на Светската банка обезбеди еден милион евра за реконструкцијата на овој објект. Содржината која ќе ја понуди овој мултифункционален објект ќе испровоцира многу туристи од нашата земја и од странство да го посетат Вевчани. Оваа општина поседува големо културно богатство, кое ќе биде презентирано во музејот во рамките на објектот, а се одликува и со убава природа, во која може да уживаат туристите кои ќе ја посетат, изјави Царовска.

Владата, посочи, има една чиста цел, а тоа е да се инвестира во развојот на малите општини, во помалку развиените региони, затоа што само на тој начин можеме да инвестираме во вистински економски развој во целата држава.

-Целиме кон тоа секоја општина да го достигне максималниот потенцијал и да имаме рамномерен развој на регионите, со што ќе се максимизира и економскиот раст на државата. Со вложувањето во локалниот туризам, ја промовираме државата и даваме можност туристите од светот, но и домашните туристи ги посетат овие места и на тој начин да се развива локалната економија, нагласи Царовска.

Заменик-министерот Павлески посочи дека инвестицијата од околу еден милион евра во реконструкција и опремување на мултифункционалниот туристички објект е од големо значење за општината, бидејќи во него ќе биде изложено големото културно богатство на Вевчани.

-Тука се и познатите „Вевчански извори“, кои се посетени од голем број на туристи, а со изградбата на овој објект, туристите ќе можат да добијат повеќе информации за Вевчани и за целиот регион. Со вложувањата во подигнување на конкурентноста, се зголемуваат потенцијалите на општините, се забрзува локалниот и регионалниот развој, а Владата го препознава потенцијалот на општините и вложува во нив, рече Павлески.

Во изминатите три години, прецизира, Министерството за локална самоуправа со 23 милиони денари поддржа неколку проекти во Вевчани, со кои се подобрува животот на граѓаните. Тоа,како што кажа, се проекти за изградба и рехабилитација на улици, канализација, подобрување на енергетската ефикасност на објекти и изработка на проектно-планска документација.

Градоначалникот Јанкоски ги презентираше деталите од потпроектот „Туристички центар Вевчани – еден центар, еден туристички производ“, дел од проектот за локална и регионална конкурентност, со кој значително ќе се зголеми туристичката понуда во Вевчани и регионот.

-Вкупната корисна површина на мултифункционалниот туристички центар е 1.400 квадратни метри, во кој се вклучени конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејски поставки, фитнес сала и друго. Во моментов се врши внатрешно опремување на објектот и за кусо време објектот ќе биде во функција. Се работи и на партерно уредување на просторот со што туристичкиот центар добива нов, модерен изглед, кажа Јанкоски. вј/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close