0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Царовска во Манастирец: За 5.000 денари ја зголемивме финансиската поддршка за згрижувачите

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска денеска во село Манастирец во Македонски Брод се сретна со згрижувачките семејства, од каде порача дека за 5.000 денари е зголемена финансиската поддршка за згрижувачите.

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Носителката на листа на пратеници во Изборна единица 1 и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска денеска во село Манастирец во Македонски Брод се сретна со згрижувачките семејства, од каде порача дека за 5.000 денари е зголемена финансиската поддршка за згрижувачите.

Царовска посочи дека во Македонски брод има 37 згрижувачи, кои се грижат за вкупно 56 деца. А само во Манастирец има 11 семејства со згрижени 20 деца.

-Ја поздравувам нивната посветеност и продолжуваме да ги поддржуваме уште повеќе и уште подобро. За заедно да обезбедиме топол дом за секое дете им даваме огромна поддршка на згрижувачките семејства. Овие семејства освен што им даваат родителска љубов на загрижените деца имаат и финансиска корист. Во изминатиот период ја покачивме финансиската помош која им следува за едно дете од 8.500 ја покачивме за 5.000 денари, на речиси 14.000 денари, а за деца со попреченпст изнесува 16.200 денари, истакна Царовска.

На средбата со згрижувачите присуствуваше и кандидатката за пратеничка на коалицијата Можеме Анета Симеска и градоначалникот на Македонски Брод. аа/

Back to top button
Close
Close