0_Македонија.ПорталОпштество

Царовска: Во дијалог со компаниите, променето стипендирање и уписна политика создаваме кадар баран на пазарот на трудот

Со воведени стипенидии за технички струки и со променета уписна политика, Министерството за образование и наука  го поттикнува создавањето стручни профили што се потребни на пазарот на труд. Од јануари до март 2021 година, МОН ќе биде во дијалог со Стопанската комора и со локални чинители за потребите на реалниот сектор, за да се донесе одлука кои профили во која општина или средно училиште ќе се верификуваат, соопшти министерката Мила Царовска денеска во Стопанската комора.

Скопје, 30 ноември 2020 (МИА) – Со воведени стипенидии за технички струки и со променета уписна политика, Министерството за образование и наука  го поттикнува создавањето стручни профили што се потребни на пазарот на труд. Од јануари до март 2021 година, МОН ќе биде во дијалог со Стопанската комора и со локални чинители за потребите на реалниот сектор, за да се донесе одлука кои профили во која општина или средно училиште ќе се верификуваат, соопшти министерката Мила Царовска денеска во Стопанската комора.

На панел-дискусијата на тема „Следни чекори – поголема вклученост на приватниот сектор во формалното и неформалното стручно обрaзование и обука, со фокус на практичната обука“, министерката Царовска истакна дека МОН веќе работи на воспоставување нов концепт на средното стручно образование преку создавање три регионални центри за средно стручно образование (ВЕТ-центри).

– Активно работиме на воспоставување три регионални центри за средно стручно образование и обука во Куманово, Тетово и Охрид. Нашата тенденција ќе биде вакви ВЕТ-центри да отвориме во сите региони во државата. ВЕТ-центрите кои се воспоставуваат со поддршка на Европската делегација и со инвестиција од МОН и техничка и друг вид поддршка во делот на организација и верификување профили и опрема од Швајцарската развојна агенција, треба да почнат да служат како ресурсни центри во регионот не само да верификуваат кадар, туку истите тие профили да имаат влез во компаниите и компаниите да се вклучат во обука, рече Царовска.

Таа посочи дека сега имаме стручни училишта кои продуцираат кадар што не e потребен на пазарот на труд.

Министерката соопшти и дека од оваа година е променета и политиката на стипендирање.

– Досега државата воопшто не стипендираше средни технички училишта. Првпат воведовме можност да ги стипендираме учениците од техничките училишта и гледаме дека не се навикнати да аплицираат. Понатаму и уписната политика ќе ја поврземе со стипендирањето и ќе имаме подобри резултати, рече Царовска.

Министерката нагласи дека во моментот низ државата функционираат голем број верификувани средни училишта со различни профили. Тие се  опремени со кабинети, рече министерката, со инвестиција од МОН во последните три години.

Царовска напомна дека на краток рок компаниите може самите да доквалификуваат или преквалификуваат работници, преку мерката на Агенцијата за вработување со којашто може да отворат тренинг-центри. хс/сп/

Back to top button
Close
Close