0_Web_АктуелноМакедонија.СлајдерОпштествоПолитика

Царовска: „Учи паметно, работи стручно“ ја исполни целта, следи дополнително зајакнување на системот на стручно образование

Дијалогот на Министерството за образование и наука со бизнис заедницата, општините и училиштата „Учи паметно, работи стручно“ ја исполни целта – учениците го препознаа средното стручно како образование што им отвора многу можности, а кај локалните самоуправи и компаниите ја зајакна свеста за потребата од вклучување во практичната обука на ученици, како решение за проблемот со квалификувани работници. Она што следи е дополнително зајакнување на системот на стручно образование, заедно со сите партнери и со меѓународна поддршка, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, на одбележувањето на 60 години активност на  Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Back to top button
Close
Close