0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Царовска: Сите жени да гласаат за СДСМ -партијата кој препознава родова рамноправност

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска синоќа на трибина во Аеродром ги повика сите жени на 15 јули да гласаат за Социјал-демократскиот сојуз затоа што во последните три години е направено многу за јакнење на жените во општеството и е единствената партија којашто препознава родова рамноправност.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска синоќа на трибина во Аеродром ги повика сите жени на 15 јули да гласаат за Социјал-демократскиот сојуз затоа што во последните три години е направено многу за јакнење на жените во општеството и е единствената партија којашто препознава родова рамноправност.
-Освен што во владата имаме најмногу жени министерки досега, на овие избори настапуваме со листи 50:50 жени и мажи со што го актуелизираме родовото прашање. Успеавме да донесеме и најлиберален Закон за абортус којшто ја остава жената самостојно да одлучува за своето тело. Во изминатиот период направивме многу за економско јакнење на жените а ја ратификувавме и Истанбулската конвенција, рече Царовска.
Таа истакна дека пред идното Собрание ќе се најде целосно нов Закон за заштита и спречување на сите форми на насилство врз жените.са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close