0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Царовска: Сексуално образование во второ одделение е лажна вест, да се следат официјалните информации

Дебатата која на социјалните мрежи се води за воведување сексулано образование во второ одделение е лажна вест, за сите реформи и за новиот концпет на образование постои отворен канал, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведе овој предмет во второ одделение.

Штип, 1 февруари 2021 (МИА) – Дебатата која на социјалните мрежи се води за воведување сексулано образование во второ одделение е лажна вест, за сите реформи и за новиот концпет на образование постои отворен канал, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведе овој предмет во второ одделение.

-Многу интересно е што дебатите ги водат луѓе коишто во континуитет во нашата држава шират лажни вести. Токму затоа ги поттикнувам граѓаните да ги следат официјалните канали на Владата и на Министерството, и да донесуваат одлуки. Ако се сеќавате истите тие кажуваа дека во источниот регион ќе се населат 120 000 мигранти, се сеќавате како пропадна таа лажна вест, па после тоа имаше нешто со 5Џи врапчињата итн, па следната лажна вест беше дека се укинува историја, па следната лажна вест беше дека се укинува македонски јазик. Истите тие луѓе денес зборуваат дека ќе имаме сексуално образование во второ одделение, користејќи снимки, слики од сосема други држави, коишто се во регионот и пред неколку години направиле такво воведување, а во нашата држава тоа не е вистина, рече Царовска која денеска беше во Штип на дебата за реформи во средното стручно образование.

Министерката апелираше граѓаните да не подлегнуваат на провокации, како што рече – ниту на опозиција, ниту на организации што шират лажни вести. Таа испратила и официјален демант до организацијата која ја проширила лажната вест. вдј/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close