0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономија

Царовска: Продолжуваме да креираме мерки да ги задржиме младите овде

Владата продолжува да креира мерки и политики кои ќе помогнат да се зголеми вработеноста, особено на младите, и уверена сум дека тие ќе дадат резултати и ќе помогнат во намалување на одливот на кадри од државата, рече вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Владата продолжува да креира мерки и политики кои ќе помогнат да се зголеми вработеноста, особено на младите, и уверена сум дека тие ќе дадат резултати и ќе помогнат во намалување на одливот на кадри од државата, рече вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска.

Таа вели дека е стоотстотно сигурна дека ваквите мерки, кои се креираат заедно со младите, образовниот сектор и бизнисот ќе ги дадат посакуваните резултати.

– Ако не правите ништо сигурни сте дека ситуацијата ќе се влошува. Од друга страна, ако креирате мерки согласно нивните потреби тогаш јас сум сигурна дека доколку се создадат услови во нашата држава и целосно ја смениме сликата дека живеењето овде е добро и се нудат многу можности, младите ќе сакаат и да останат, но и оние кои отишле да се вратат и да основаат семејства во нашата држава, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Инфо-сесија за владините мерки кои се однесуваат за млади лица што се одржа на Економскиот факултет во Скопје.

Многу земји во кои се соочувале со ваков тип ситуации во минатото, додаде таа, успеале да воспостават повратни механизми преку ваков тип мерки, со кои, како што рече, треба да се надминат последиците од масовното иселување на младите во време на минатат власт, кога од земјава заминале половина милион граѓани.

– Таквите политики ги нема повеќе. Сега заедно со бизнис секторот, со младите и високото образование да креираме политики кои ќе дадат ефекти, да ги задржат младите тука, да ја одржат стабилна домашната економија за да може да знаеме дека инвестирам во кадар кој сака да остане тука. Мерките дават резултати и повеќе од 60 илјади луѓе се вработени, рече Царовска.

Притоа, таа потсети на мерката гаранција за млади со која минатата година биле опфатени околу 20 илјади лица, а вработени 6.000, потоа мерката за практиканство со која се зголемува вработливоста на младите, како и мерката за младински додаток за лица кои ќе се вработат во индустријата или земјоделието.

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека голем дел од мерките од оперативниот план за вработување во фоскусот ги имаат младите лица и оти со секоја од нив се опфатени најмалку 30 отсто млади. Успешна е реализацијата на грантовите за самовработување, додаде таа, а 90 отсто од отворените бизниси се уште се активни. За овие мерки, потсети таа, за годинава се издвоени 1,45 милијарди денари. Преку мерките, рече Шкријељ, намалена е и невработеноста кај младите од 48 на 35 отсто.

На Инфо сесијата, на која присуствуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, владините претставници пред студентите ќе ги презентираат можностите што се нудат од овие мерки, но и од нив ќе чујат предлози во која насока треба да се движат идните политики.

Деканот на правниот факултет Предраг Трпески, истакна редовна пракса на Факултетот е да има вакви инфосесии со бизнис секторот, но оти ова е добра можност студентите да чујат и за мерките што ги нуди државата за полесно вработување или отворање сопствен бизнис. сст/сп/

Back to top button
Close
Close