0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Царовска: Подготвени сме за старт на учебната година по нова Концепција и со потребните протоколи

Министерството за образование и наука е подготвено за започнување на новата учебна година, но и за имплементација на реформските процеси од септември, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе има реформи од септември и како и кога ќе започне учебната година.

Скопје, 30 јули 2021 (МИА) – Министерството за образование и наука е подготвено за започнување на новата учебна година, но и за имплементација на реформските процеси од септември, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе има реформи од септември и како и кога ќе започне учебната година.

– Образованието е од круцијално значење за државата, идентитетот, иднината во нашата држава која се стреми кон европски стандарди и затоа вложуваме дневно во реформските процеси и секако безбедни услови за настава во време на пандемија, што не го гледаме од опозицијата која продолжува со опструкциите, порача министерката.

Царовска го повика пратеникот Стојановски, за којшто, како што рече, очигледно не е информиран за процесите во образованието, на дневно ниво да ја следи официјалната веб страница на Министерството кадешто постојано се ажурираат сите информации во врска со образованието и реформите.

– На почетокот на оваа година ја донесовме новата Концепција за основно образование, во април месец беа донесени програмите. Учебниците, или наставните материјали за прво одделение се исто така готови и се во печат. Исто така и за четврто одделение. Секако со поддршка на сите меѓународни организации. Да не заборавам дека над 4.000 наставници поминаа обука за да можат успешно да ја започнат учебната година од септември. Како никогаш до сега навремено се донесени сите календари за отпочнување на учебната година од први септември, нагласи Царовска.

Таа нагласи дека со овие календари е предвидено започнувањето и завршувањето на новата учебна година, но како одговорна власт и одговорно министерство заради тоа што се наоѓаме во период на Ковид-19, подготвени се три сценарија за наставата во претстојната учебна година.

– Сметаме дека најдобро сценарио е сите ученици согласно распоредите да ја започнат наставата со физичко присуство. Доколку има драстична промена во епидемиолошката слика, тогаш би требало да го промениме сценариото со хибридна настава – една недела во училиште, една онлајн и третото најмалку посакуваното сценарио е да поминеме најголем дел од наставата онлајн. Очекувам дека ако сите се придржуваат на мерките како што имавме минатата почитување на протоколите со физичко присуство дека ќе успееме и оваа учебна година да ја реализираме на тој начин. Дополнително до денеска повеќе од 58 проценти од наставниците и соработниците во училиштата се веќе вакцинирани, додаде Царовска. сп/

Таг
Back to top button
Close
Close