0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Царовска: Направивме многу, донесовме нови вредности и исправивме направди

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска во обраќање по повод стартот на кампањата рече дека на престојните парламентарни избори СДСМ и колаиционите партенри ќе го потврдат континуитетот на започнатите реформски процеси во земјата.

Скопје, 24 јуни 2020 
Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска во обраќање по повод стартот на кампањата рече дека на престојните парламентарни избори СДСМ и колаиционите партенри ќе го потврдат континуитетот на започнатите реформски процеси во земјата.
„Тимот којшто еднаш дал одлични резултати истите ќе ги повтори и во новиот мандат за којшто сум уверена дека ќе го добиеме со силна поддршка од граѓаните. Ќе го добиеме со вистинска доверба од граѓаните на нашето европско и обединето Скопје.
Во првиот мандат покажавме што значи почит кон граѓаните. Почит кон сите, без разлика на нивниот социјален статус, пол, вероисповед или определба.
Донесовме нови вредности, нови стандарди и создадовме општество во кое сите, без исклучок, имаат и ќе имаат еднакви права и можности.
Исправивме срамна, децениска неправди со кои живеа нашите граѓани. Покажавме дека минималната плата може да се зголеми со дијалог. Направивме се да немаме повеќе деца во институции, ја намаливме невработеноста. Го вративме достоинството на воспитувачите и социјалните со зголемување на платите. Покажавме вистинска разлика со минатото. Покажавме што значи вистинска грижа за децата, работниците, возразните и ранливите. Докажавме дека се грижиме за сите“, рече Царовска.
Царовска потенцираше дека не треба да се дозволи да запрат започнатите процеси и некој да го урне изграденото до сега.
„Овозможете ни да ги продолжиме и завршиме процесите. Покажавме дека можеме и резултатите се видливи! Во пост-ковид периодот продолжуваме со уште посилна поддршка и јакнење. Ве уверувам дека наша цел е да овозможиме граѓаните сосема безбедно и сигурно и без никакви ризици да го остварат своето гласачко право. Се преземаат сите неопходни мерки за безбедна кампања и безбеден изборен ден за време на Ковид.
Ве повикувам сите заедно одговорно да спроведеме фер и демократски избори. Да покажеме дека сме современа и слободна држава со евроспки вредности“, рече Царовска.
Како идна пратеничка во Собранието, нагласи Царовска, ќе продолжи силно да се бори за поголема застапеност на жените во сите важни одлуки на сите нивоа во државата.
„Време е за 50-50, за силни жени кои рамноправно учествуваат во создавањето на силно општество. Ќе се борам за  слободата и демократијата, против сиромаштијата и нееднаквоста. Верувам дека можеме уште повеќе и уште подобро. Можеме затоа што заедно треба да изградиме современо и инклузивно општество кое се грижи за секого“, рече Царовска.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close