Политички партии

Царовска: Кандидирајте се за пратеничка, направете го тоа одлучно и самоиницијативно

Ги повикувам сите жени кои ги делат социјалдемократските идеали, кои имаат желба и визија за подобро утре, да веруваат во себе и да ни се приклучат кон промените. СДСМ е партија која умее да препознае квалитет, вистинска и искрена заложба.

4 февруари 2020

Го започнавме изборот на најодговорни кандидатки и кандидати за пратенички и пратеници од независноста до сега. Заедно со нив ќе одиме кон нова победа и ќе креираме политики со кои ќе ја движиме државата напред.
 
Родовата еднаквост и еднаква застапеноста на жените во политиката беа и остануваат наш приоритет на којшто посветено работиме. На кандидатските листи за прв пат настапуваме со ист број на жени и мажи. Бидејќи педесет со педесет е соодоносот што треба да го отсликува нашето општество.
Сите одлуки ќе ги носиме заедно, подеднакво силни и гласни, еднакво застапени, како што доликува на секоја  прогресивна и демократска земја. За ова се боревме и во оваа насока продолжуваме, за наскоро 50-50 да видиме и на советничките листи за локалните избори.
Ги повикувам сите жени кои ги делат социјалдемократските идеали, кои имаат желба и визија за подобро утре, да веруваат во себе и да ни се приклучат кон промените. СДСМ е партија која умее да препознае квалитет, вистинска и искрена заложба.
Кандидирајте се за пратеничка, направете го тоа одлучно и самоиницијативно! Да изградиме силен, независен Парламент кој ќе продолжи да ги унапредува правата на жената и ќе поттикнува целосна еднаквост меѓу жените и мажите. Приклучете се, заедно да носиме позитивни промени, заедно да работиме во интерес на сите наши граѓанки и граѓани.

– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close