0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталВидео изјаваЕкономија

Царовска и Шкријељ во Крива Паланка: Зголемен економскиот раст и платите, воведен младински додаток

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ги посетија фабриките Супер шуз и ХТЗ опрема во Крива Паланка, каде, како што соопшти владината прес-служба, на средба со менаџментот и со вработените констатирале дека мерката за субвенционирање на придонесите за раст на плати дава резултати и оти платите се зголемени.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ги посетија фабриките Супер шуз и ХТЗ опрема во Крива Паланка, каде, како што соопшти владината прес-служба, на средба со менаџментот и со вработените констатирале дека мерката за субвенционирање на придонесите за раст на плати дава резултати и оти платите се зголемени.

– Со водење одговорни економски политики за две и пол години направивме вистински пресврт. Од негативна стапка од -1,8 проценти во вториот квартал на 2017 година сега имаме просечен раст на бруто домашниот производ од 3,5 проценти. Преку мерките од Планот за економски раст, Оперативниот план за вработување и ФИТР и други мерки со над 100 милиони евра се поддржани околу 3.000 компании и бизниси. Развојот на компаниите позитивно влијае и на работниците, во периодот на мандатот отворени се нови 59 илјади нови работни места и невработеноста е намалена на рекордно ниски 17,1 проценти, а во исто време за една година имаме реален пораст на просечната плата од пет проценти, која е исто така на рекордно високо ниво и изнесува над 25.700 денари. Последната мерка за субвенционирање на придонесите за раст на плата се уште една мерка со која покажуваме дека се грижиме за економскиот раст и дека одлуките кои ги носиме како Влада. Мерката ја искористиле околу 20.000 компании кои ја зголемиле платата на 106 илјади работници, изјави Царовска.

Шкријељ ги повика младите вработени во производство и во земјоделство од Крива Паланка да се пријавуваат во Центрот за вработување за да ја искористат можноста за месечен младински додаток.

-Го воведовме младинскиот додаток со којшто секое младо лице до 23 години кое е вработено и самовработено во компанија со претежно производствена дејност или како индивидуален земјоделец, има право да добие месечен надоместок од 3.000 денари. Со овој додаток ги јакнеме младите и ги стимулираме да се вработуваат во производство, рече Шкријељ.

Според градоначалникот на Крива Паланка, Бојанчо Мицевски, позитивните владини политики се чувствуваат на локално ниво.

– Минималната и просечната плата во приватниот сектор се зголемени. Исто така пораснаа и платите на вработените во социјалната заштита и во градинките коишто со години наназад беа непроменети, раче Мицевски.лв/

Back to top button
Close
Close