0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Царовска: Европа препозна визија во СДСМ и затоа е на наша страна

Мила Царовска која е носителка на изборната листа на СДСМ во првата изборна единица заедно со министерот Никола Димитров, на МРТВ зборуваше за европските успеси на државата, но и за неконструктивното и несериозно однесување на ВМРО ДПМНЕ.

Скопје, 24 јуни 2020

Мила Царовска која е носителка на изборната листа на СДСМ во првата изборна единица заедно со министерот Никола Димитров, на МРТВ зборуваше за европските успеси на државата, но и за неконструктивното и несериозно однесување на ВМРО ДПМНЕ.

-Ако имаше некој што не ракоплескаше за влезот на државата во НАТО тоа беше Мицкоски, тоа лицемерие на ВМРО ДПМНЕ не може веќе да функционира кај нас. Преспанскиот договор, за кој ВМРО ДПМНЕ манипулира дека ќе го ревидира, значи прилив од 2,5 милијарди евра за нашите млади, за здравството, за судството, за образованието… Секој што зборува против Договорот со Грција зборува за изолација како порано. Граѓаните се сведоци што направивиме, им го отворивме патот кон Европа,  коментираше Царовска.

Таа посочи дека ВМРО ДПМНЕ може да раскажува приказни, но вистината е дека да не беше Преспанскиот договор немаше да се случи ништо од меѓународните успеси на државата.

-Ние можеме да раскажуваме приказни. но вистината е една. Видовме 11 години дека ВМРО ДПМНЕ ништо не направи за европската перспектива, а ние кога почнавме да правиме нешто ВМРО ДПМНЕ не се вклучи да помогне. Затоа Меркел го поддржа Зоран Заев, а таквите големи лидери поддржуваат единствено политичари кои имаат визија. Ние имаме реален успех за овие три години за разлика од ВМРО ДПМНЕ, истакна Царовска.

Таа уште еднаш потсети дека сите јавни настапи на преставници на ВМРО ДПМНЕ надвор од државата се под името Северна Македонија и оттаму ВМРО ДПМНЕ нема право да зборува за ревидирање на Договорот со Грција.

-Ако е точно дека ВМРО ДПМНЕ се залага за европски вредности и ако е вистина дека го поддржуваат процесот на европски интеграции, значи тогаш оваа партија нема да го ревидира Преспанскиот договор, затоа што вредноститеи интеграциите ни ги носи токму овој документ,  заврши Царовска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close