0_Македонија.ПорталЕкономијаОпштество

Царовска ќе изврши увид во реновирањето на просториите на детскиот дом „11 Октомври“

Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, денеска со заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка министерка, Санела Шкријељ, ќе направат увид во реновирањето на просториите на детскиот дом „11 Октомври“ каде што е планирано да биде сместен Центарот за поддршка на згрижувачките семејства.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, заедно со заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка министерка Санела Шкријељ, ќе направи увид во реновирањето на просториите на детскиот дом „11 Октомври“ каде што е планирано да биде сместен Центарот за поддршка на згрижувачките семејства.

Царовска по посетата на домот, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошкоиндустриски развојни зони Александар Младеновски, ќе изврши увид во завршните работи на опремување на производствениот капацитет на германската компанија Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2. сст/са/

Back to top button
Close
Close