0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Царовска: Да бидеме подобри и да веруваме во своите соништа бидејќи тие носат подобро утре

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска преку видео порака ја честиташе Новата година со желби секој да биде уште подобар и да верува во своите соништа бидејќи, како што вели, соништата носат подобро утре.

Скопје, 1 јануари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска преку видео порака ја честиташе Новата година со желби секој да биде уште подобар и да верува во своите соништа бидејќи, како што вели, соништата носат подобро утре.

Во видео пораката, Царовска вели дека годината што измина била посебна за неа, но и за семејствата на кои им била потребна поддршка.

–  Новогодишните желби не инспирираат, не мотивираат да бидеме подобри и да дадеме повеќе од себе. Секој ден е ново достигнување и нов предизвик. Со предизвици беше исполнет и изминатиот период, вели Царовска, додавајќи дека за постигнатото заслужни се луѓето кои работеле да се донесат законите, да се направат исплатите и да функционира системот со што покажале дека навистина им служат на граѓаните. бак/дма/

Весели новогодишни празници🎄Следната година да бидеме уште подобри и да веруваме во своите соништа!

Posted by Мила Царовска on Среда, 01 јануари 2020

 

Back to top button
Close
Close