Оригинални текстови

Царинската управа демантира дека вчера на Богородица имало обид за влез на 14 камиони со РДФ отпад

Скопје, 26 април 2020

Скопје, 26 април 2020

Во врска со вест објавена на порталот МКД МК со наслов „Некој пак се обидува да увезе РДФ отпад во Македонија, вчера вратени 14 камиони од Богородица“.

Царинската управа најостро демантира дека вчера на граничниот премин Богородица имало обид за влез на 14 камиони со РДФ отпад.

Во насока на транспарентно и објективно информирање на јавноста, информираме дека станува збор за камиони кои на граничниот премин Богордица беа запрени со цел да се направат испитувања на стоката со која се натоварени, а на 10.02.2020 година кога стапи во сила забраната за увоз на РДФ отпад, на истите забранет им беше влез на територија на Република Северна Македонија. Односно, на камионите согласно важечките закони и прописи не им беше дозволен ниту влез ниту транзит низ државата, истите беа задржани на граничниот терминал Богородица се до добивање на соодветни дозволи за нивно враќање на територија на Република Грција. Со добивањето на соодветните дозволи, камионите се вратени на грчка страна и тоа на 15.04.2020 година вратени се 5 камиони, на 22.04.2020 година вратени се 4 камиони и на 23.04.2020 година вратени се останатите 5 камиони. Исто така, информираме дека од воведувањето за забрана на увоз на отпад, не е забележан ниту еден обид за внесување на отпад во државата.

Со оглед на тоа што сите ние, во овие моменти се соочуваме со исклучително тешка ситуација на државата, најљубезно замолуваме за воздржување од ширење на дезинформации и непроверени информации. Во склоп на Царинската управа постои и секотор за истраги, па затоа ги повикуваме сите општествено одговорни лица кои имаат било какви податоци или сознанија на оваа тема да ги достават до Царинската управа по кои би постапиле нашите соодветни служби.

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close