БизнисЕкономијаОригинални текстови

Царинска управа: Неточни се тврдењата дека се увезува кокс со 18 отсто сулфур

Во насока на објективно и вистинито информирање на јавноста, Царинската управа информира дека нафтениот кокс е слободен за увоз, односно не подлежи на мерки за трговска политика.

Скопје, 20 декември 2019

Реакција во врска со пишувањата на ВМРО-ДПМНЕ за увоз на отровен отпад.

Во насока на објективно и вистинито информирање на јавноста, Царинската управа информира дека нафтениот кокс е слободен за увоз, односно не подлежи на мерки за трговска политика.

Изречените тврдења дека во Република Северна Македонија се увезува кокс кој содржи 18% сулфур, категорично тврдиме дека се неточни, согласно сертификатите за квалитет кои се приложени  при увоз на коксот.

Што се однесува до увозот на отпад, Царинската управа потврдува дека не станува збор за неконтролиран и нелегален увоз на отпад.

Царинската управа, кога се работи за постапки кои се однесуваат на легислатива во надлежност на други институции, ги применува насоките добиени од институциите во чија основна надлежност се законите кои се применуваат. За правилно спроведување на нетарифните мерки повеќе надлежни институции согласно пооделни закони имаат надлежност да издаваат дозволи, одобренија или согласности за соодветната царинска постапка.

Царинската управа дозволува увоз на отпад единствено со дозвола за увоз издадаена од надлежната институција- МЖСПП

Царинска управа

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close