0_Македонија.ПорталДописници МКД

ЦЈЗ Куманово: Во Куманово седум, во Липково шест новозаболени лица од Ковид-19

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 13 новозаболени лица од Ковид-19. Од нив, седум се во општина Куманово, шест се во општина Липково.

Куманово, 25 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 13 новозаболени лица од Ковид-19. Од нив, седум се во општина Куманово, шест се во општина Липково.
 
– Сите заболени потекнуваат веќе познати кластери, изјави директорот на центарот, д-р Ариф Љатифи. Денеска, и додаде дека се извршени 56 тестирања, од нив 18 по „Мој термин“, а останатите се согласно епидемиолошки индикации и контролни тестови.
 
Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на ЦЈЗ Куманово, од почетокот на епидемијата Ковид дијагностицирани се 723 лица, а во моментов активни се 268 случаи. ам/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close