Дописници МКДОпштински вести

ЦЈЗ Куманово: Шестнаесет од новозаболените од Ковид 19 од Липково, тројца од Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 19 новозаболени од Ковид 19. Директорот на јавната здравствена установа, д-р Ариф Љатифи информираше дека 16 од заболените се од општина Липково, а тројца од Куманово.

Куманово, 6 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 19 новозаболени од Ковид 19. Директорот на јавната здравствена установа, д-р Ариф Љатифи информираше дека 16 од заболените се од општина Липково, а тројца од Куманово.

– Заболените од Липково се од познати кластери. Денеска се извршени 70 тестирања, педесетина во Липково, останатите преку „Мој термин“, изјави Љатифи. ам/мс/

Back to top button
Close
Close