0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

ЦЈЗ Куманово: Двајца новозаболени од Ковид 19 – по еден во Куманово и Липково

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира само двајца новозаболени од Ковид 19, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. По еден пациент е регистриран во општините Липково и Куманово.

Куманово, 22 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира само двајца новозаболени од Ковид 19, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. По еден пациент е регистриран во општините Липково и Куманово.

-Денеска, се извршени 40-тина тестирања, соопшти директорот на установата, доктор Ариф Љатифи вклучително по „Мој термин“, епидемиолошки индикации и контролни тестови.

На подрачјето на Центарот за јавно здравје од почетокот на епидемијата Ковид дијагностицирани се 694 лица, од кои во моментов се активно 241 лице.

-Oд вкупно активните 142 се во Липково, останатите 99 во Куманово, изјави д-р Љатифи. ам/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close