Дописници МКДОпштински вести

ЦЈЗ Куманово -17 новозаболени, 13 оздравени од Ковид 19, активни 200 случаи

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира,  17 нововозаболени лица од Ковид 19, од кои 16 од Куманово и еден пациент од општина Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 13 лица.

Куманово, 16 септември 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира,  17 нововозаболени лица од Ковид 19, од кои 16 од Куманово и еден пациент од општина Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 13 лица.

– Новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени лица, од семејства, колеги, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска извршени  се  33 тестирања од кои 28  преку  „Мој Термин“ и  пет   тестирања согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.628, а во моментов активни се 200 случаи. ам/оџ/

Back to top button
Close
Close