СветСвет.Портал

Бурунди: Во поплави и лизгање на земјиште загинати 28 лица

Најмалку 28 лица загинаа во лизгање на земјиште по поројните дождови во Бурунди, соопштија локалните власти, кои стравуваат дека бројот би можел да се зголеми бидејќи има голем број исчезнати луѓе.

Гитега, 5 декември 2019 (МИА) – Најмалку 28 лица загинаа во лизгање на земјиште по поројните дождови во Бурунди, соопштија локалните власти, кои стравуваат дека бројот би можел да се зголеми бидејќи има голем број исчезнати луѓе.

Официјални претставници наведуваат дека досега се извлечени 28 безживотни тела во провинција во северозападниот дел на земјата, а седуммина се повредени. Според нив, можно е да има уште жртви кои се затрупани под урнатините на куќите.

Неколку земји во источниот дел на Африка се зафатени од поплави и создадени се опасни свлечишта по неколкунеделните невообичаени поројни дождови, кои не се карактеристични за тоа подрачје. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close