СпортФудбал

Бурно поздравена првата македонска фудбалска репрезентација

Пред натпреварот Македонија – Лихтенштајн вечерва на „Арена Филип Втори“ во Скопје продефилира првата македонска репрезентација која пред точно 25 години во Крањ ја победи Словенија со 4:1.

Скопје, 13 октомври 2018 (МИА) – Пред натпреварот Македонија – Лихтенштајн вечерва на „Арена Филип Втори“ во Скопје продефилира првата македонска репрезентација која пред точно 25 години во Крањ ја победи Словенија со 4:1.

Предводени од тогашниот селектор Андон Дончевски, репрезентативците и другите од експедицијата во 1993 година кои беа учесници на тој историски прв натпревар за Македонија, беа поздравени со громогласен аплауз од неколку илјадната публика.

Фудбалската федерација на Македонија по повод јубилејот на членовите од експедицијата од Крањ им додели пригодни плакети и подароци. зс/21:55

Таг
Back to top button
Close
Close