СветСвет.Портал

Буркина Фасо: Најмалку 24 загинати во напад во црква

Вооружени лица нападнале синоќа луѓе во црква во провинцијата Јага во Буркина Фасо за време на верски обред,при што најмалку 24 лица загинаа. Напаѓачите побегнале од местото на нападот и го зеле пасторот за заложник.

Оуагадогу, 17 февраури 2020 (МИА) – Вооружени лица нападнале синоќа луѓе во црква во провинцијата Јага во Буркина Фасо за време на верски обред,при што најмалку 24 лица загинаа. Напаѓачите побегнале од местото на нападот и го зеле пасторот за заложник.

Вонредната состојба во Буркина Фасо, што требаше да биде на сила до 12 јануари, е продолжена за уште една година за да се зајакне борбата против тероризмот.

Во моментов, вонредна состојба е на сила во седум од 13-те региони во државата.

Во изминатите четири години, речиси 700 луѓе се убиени во напади на вооружени групи и организации во земјата, и има над 270.000 се раселени. зш/

Back to top button
Close
Close