СветСвет.Портал

Бурата Кристобал се приближува кон Мексико

Тропската бура Кристобал, во близина на јужниот дел на Мексиканскиот Залив, предизвика поплави, кои затворија некои автопати.

Мексико Сити, 3 јуни 2020 (МИА)Тропската бура Кристобал, во близина на јужниот дел на Мексиканскиот Залив, предизвика поплави, кои затворија некои автопати.

Националниот центар за урагани соопшти дека Кристобал се очекува да се движи кон внатрешноста, во должина на мексиканскиот брег, што може да донесе огромни количини вода во лагуните.

Бурата Кристобал синоќа беше лоцирана на околу 75 километри северозападно од Сиудад дел Кармен со ветер од 85 километри на час.

Невремето се очекува до петок да го зафати американскиот брег, каде може да предизвика силни дождови и ветер од Тексас до Флорида.

Засега не е познато дали може да ослабне откако ќе стигне до брегот на Мексико.

Бурата Кристобал настана од остатоците од тропската бура Аманда во Источен Пацифик, во која загинаа најмалку 17 лица додека ги минуваше Ел Салвадор и Гватемала. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close