Дописници МКДОпштински вести

Булеварот во Дебар се разубавува со донација од иселеник од САД

Дебарската локална власт продолжува со активностите за почист, поуреден и поубав град. Освен со свои сопствени средства, во овие активности учествуваат и иселеници кои живеат во САД.

Дебар, 23 август 2020 (МИА) – Дебарската локална власт продолжува со активностите за почист, поуреден и поубав град. Освен со свои сопствени средства, во овие активности учествуваат и иселеници кои живеат во САД.

Таков е случајот со активноста која е во тек, а станува збор за хортикултурно уредување на Булеварот „Илирија“ што се реализира со донација на семејството на дебранецот Турхан Руси, познат бизнисмен во САД.

-Во тек е хортикултурното уредување на булеварот „Илирија“, како и на двата кружни тека на почетокот и на крајот на булеварот. Ќе бидат засадени 45 садници од видот Catalpa Bungei, 252 Juniperus conferta Blue Pacifis, 150 Abelia grandiflora и шест садници Picea pungens glauca Globosa, информираа од општината.

Донација е во вредност од околу 600.000 денари или околу 10.000 евра.

Оттаму искажуваат голема благодарност за грижата на семејството Руси за своето родно место, кое иако е преку океан повеќе од пет децении, не го заборава Дебар и редовно донираат за разни поводи.

Дебарските иселеници, посебно оние од САД беа најголеми донатори и за време на пандемијата со Ковид-19, кога освен хуманитарна помош за семејства кои имаа потреба од тоа, на повеќе од 100 семејства им ги подмирија долговите во дебарските аптеки, а донираа и средства за дезинфекција на територијата на општината. вт/вј/

Back to top button
Close
Close