Дописници МКДОпштински вести

Булеварот „Ленинова“ во Струмица се украсува со магнолии и индиски јорговани

Зелените острови долж булеварот „Ленинова“ во Струмица се украсуваат со засадување на стотина дрвца од магнолија и индиски јоргован.

Струмица, 15 април 2021 (МИА) – Зелените острови долж булеварот „Ленинова“ во Струмица се украсуваат со засадување на стотина дрвца од магнолија и индиски јоргован.

Обновувањето на зелениот појас на оваа главна сообраќајница се врши на местото на досегашните зимзелени и други видови дрвца, кои предизвикуваа проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека со новите садници оваа јавна површина ќе добие нов хортикултурен лик и ќе се разубави централното градско подрачје.

Оттаму апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат засадените дрвца и да се грижат за убавиот и нов лик на еден од поголемите булевари во градот. рт/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close