БалканБалкан.Портал

Бугарскиот премиер свика итна седница поради коронавирусот

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе одржи итна седница во врска со мерките за спречување и ширење на коронавирусот во Бугарија.

Софија, 1 февруари 2020 (МИА) – Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе одржи итна седница во врска со мерките за спречување и ширење на коронавирусот во Бугарија.

На средбата ќе присуствуваат вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, министерот за здравство Кирил Ананиев и министерот за внатрешни работи Младен Маринов.

Во текот на денешниот ден во Бугарија се очекува да пристигнат евакуираните бугарски државјани, кои беа блокирани во кинескиот град Вухан. Тие веднаш ќе бидат пренесени во Военомедицинската академија, каде ќе останат под медицински надзор.

Досега бројот на починати од коронавирусот достигна 259 луѓе, а речиси 12.000 лица се заразени низ светот. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close