0_Македонија.ПорталИзбрано

Бугарија – Северна Македонија: Да не остане само сенка од минатото, туку да претставува разбирање за иднината

Актуелниот спор помеѓу Бугарија и Северна Македонија не може да се надмине со инструментите на 19 век затоа што, како што рекол поранешниот британски премиер Черчил, Балканот произведува повеќе историја отколку што може да апсорбира. Идејата за создавање комисија од историчари за решавање на овој спор е непродуктивна бидејќи таквите комисии се остатоци од минатото, кои наместо да го трасираат патот, тие го затвораат уште повеќе. Практиката покажа дека ваквите комисии создаваат поголема криза и пречки, преку црвени линии кои постојано се повлекуваат на преговарачките маси.

Скопје, 2 февруари 2021

Актуелниот спор помеѓу Бугарија и Северна Македонија не може да се надмине со инструментите на 19 век затоа што, како што рекол поранешниот британски премиер Черчил, Балканот произведува повеќе историја отколку што може да апсорбира. Идејата за создавање комисија од историчари за решавање на овој спор е непродуктивна бидејќи таквите комисии се остатоци од минатото, кои наместо да го трасираат патот, тие го затвораат уште повеќе. Практиката покажа дека ваквите комисии создаваат поголема криза и пречки, преку црвени линии кои постојано се повлекуваат на преговарачките маси.

Ваквиот анахрон и контрапродуктивен пристап мора да се запре што е можно побрзо, бидејќи тоа претставува пречка за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Неинтеграцијата, како што е познато, има многу последици и ова најмалку им одговара на нашите граѓани, особено на Албанците.

Решавањето на тековните проблеми, како што се оние за малцинствата, јазикот, идентитетот, територијалните проблеми, историските спорови, не би биле многу важни наспроти другите прашања, вклучувајќи ги, главно, и оние за интеграција кои се суштински во овој случај.

Придонесот на историчарите и другите научници треба да биде во согласност со новиот дух на регионалното разбирање и процесите на евроинтеграција. Ова може да се постигне само ако историографијата е вклучена во прагматизмот на кооперативните политики и во создавањето перспективи за нашите народи и земји.

Отворените проблеми меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да имаат сосема поинаква, помодерна и покреативна диоптрија. Двете наши земји, како никогаш досега, имаат потреба од меѓусебно разбирање и тоа може да се постигне само доколку се формираат владини комисии за преговарање во Скопје и Софија, кои би дејствувале континуирано и проблемот би го третирале како процес, а не како историски товар. Направен е мал, но позитивен чекор со назначувањето на медијатор од страна на Северна Македонија кој работи повеќе преку прагматична, отколку историска перспектива.

Иднината на Балканот е евроатлантска геополитика, додека Северна Македонија и Бугарија мора да останат на картата на оваа геополитика. Скопје и Софија треба да бидат попрагматични во изнаоѓањето на точки што ги обединуваат нивните интереси за европска иднина, а тоа може да се постигне ако работиме на зголемување на нивото на заемна доверба и разбирање.

Неодамнешен модел кој служеше како клуч за затворање на отворените регионални проблеми беше македонско-грчкиот спор, кој беше надминат само благодарение на прагматичните модалитети на политики на меѓусебно разбирање и доверба.

Уште поуспешен модел е примерот на Германија и Франција, земји кои ги надминаа своите непријателства формирајќи заедничка француско-германска комисија во Берлин и Париз, која со години се занимаваше со деликатните прашања што ги наметнуваа историските односи меѓу двете земји. Европа дефинитивно стана мирно опкружување благодарение на ова француско-германско разбирање.

Регионалниот мир и стабилност во голема мера ќе зависи од односите што ги имаат соседните земји едни со други. Сепак, Северна Македонија и Бугарија можат да го следат француско-германскиот модел за да инсталираат поголема безбедност и мир во овој дел на Југоисточна Европа.

Проф. д-р Скендер Асани – директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close