
Софија, 9 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Бугарија, Румен Радев, свика за денеска состанок на Советодавниот совет за национална безбедност поради конфликтот меѓу Иран и САД.
Тема на средбата е „Можни ризици и закани по националната безбедност во контекст на сложената безбедносна ситуација на Блискиот Исток“.
Претставниците на извршната, законодавната и спец-службите се очекува да излезат со заеднички став на Бугарија. Премиерот Борисов вчера рече дека само мирот може да ги реши проблемите на Блискиот Исток. зш/