0_Спорт.ПорталФудбал

Буфон е првиот фудбалер во историјата со десет трофеи во Серија А

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон стана првиот фудбалер со десет шампионски титули во Италијанското првенство.

Торино, 27 јули 2020 (МИА) – Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон стана првиот фудбалер со десет шампионски титули во Италијанското првенство.

Четириесет и двегодишниот Буфон до десеттиот шампионски трофеј со Јуве стигна синоќа по триумфот над Сампдорија со 2:0.

На второто место на оваа листа се одбранбените играчи на Јувентус, Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини, кои имаат по девет Скудета.

Киелини, како и Буфон, имаат титули само со Јувентус, додека Бонучи има еден шампионски трофеј како член на Интер. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close