0_Спорт.ПорталФудбал

Буџетот на ФИФА за 2019-2022 година е намален за 120 милиони долари

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави кратење на буџетот за циклусот 2019-2022 година.

Цирих, 19 август 2020 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави кратење на буџетот за циклусот 2019-2022 година.

Буџетот на ФИФА за овој период е намален од 6,56 милијарди долари на 6,44 милијарди долари.

Ревизијата на буџетот на организацијата е поврзана со последиците од пандемијата на коронавирус, особено со трансформацијата на календарот на меѓународни натпревари, одложувањето на Светското првенство меѓу клубовите и откажувањето на Купот на Конфедерации.

ФИФА ќе потроши 6,34 милијарди долари за циклусот 2019-2022 година. Организацијата очекува да создаде профит пред оданочување од 100 милиони американски долари на крајот на циклусот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close