0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваОпштествоПолитика

Буџаку: Општините Дебар и Центар Жупа имаат недостиг од респиратори

Центарот за управување со кризи доставил барање до Министерството за здравство и до Главниот кризен штаб да се доделат респиратори во општините Дебар и Центар Жупа.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Центарот за управување со кризи доставил барање до Министерството за здравство и до Главниот кризен штаб да се доделат респиратори во општините Дебар и Центар Жупа.

Ова на денешната прес-конференција го истакна директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку, посочувајќи дека барањето е доставено, и се чека одговор дали истите ќе се обезбедат.

-Имаме конкретно барање што ние го доставивме до министерот за здравство, во Дебар и Центар Жупа се потребни респиратори, бидејќи во момент на влошување на состојбата на пациентите, ова е медицинско помагало кое во случај на животна опасност ќе ги спаси овие пациенти. Ако некој е тешко болен и му е потребен респиратор, ќе мора да се чека да се донесе респираторот од Скопје во Дебар, а тоа уште повеќе го доведува животот во опасност, рече денеска Буџаку. бт/ац/

Прес ЦУК Агрон Буџаку

Posted by MИА.mk on Среда, 18 март 2020

 

 

Back to top button
Close
Close