0_Магазин.ПорталДизајн

„Брзи и бесни 9“ претстави нов луксузен часовник

Овој часовник се состои од 832 дела и чини 580.000 американски долари. Изработени се само девет примероци од него.

Лос Анџелес, 23 јуни 2021 (МИА) – Засега последниот, деветти дел на популарната филмска приказна „Брзи и бесни“ конечно се прикажува во кината откако неколкупати се одложуваше поради пандемијата на коронавирусот, па сега, оние обожаватели „со подлабок џеб“ можеби и веќе добиле инспирација да се подноват со часовникот дизајниран на оваа тема.

Швајцарската компанија „Јакоб енд Ко“, во соработка со „Јуниверзал студиос“, го создаде „Твин турбо Фаст енд фјуриус“. Овој часовник се состои од 832 дела и чини 580.000 американски долари. Изработени се само девет примероци од него.

Часовникот има кристално лице од сафир, и содржи слики од првиот филм, за да го долови „чувството на ’слободарскиот живот‘ во четвртина миља“.

Дизајнот на часовникот не е за секого. Покрај оддавањето почит кон „Тојота супра“ и „Доџ челенџер“ од првиот филм, часовникот има и натпис со насловот на серијалот филмови, на задната страна на куќиштето – направено од титаниум и јаглерод. Каишките е се состојат од кожа и копчиња со титаниумска облога.  си/

Back to top button
Close
Close