Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Бруно Ле Мер: Франција во 2020 година треба да ја доживее својата најголема рецесија од 1945 година

Франција најверојатно во 2020 година ќе ја доживее најлошата година на економска рецесија од крајот на Втората светска војна, оцени во понеделникот министерот за економија Бруно Ле Мер на сослушувањето на Комисијата за економски прашања во Сенатот, јави дописникот на МИА.

Париз, 6 април 2020 (МИА) – Франција најверојатно во 2020 година ќе ја доживее најлошата година на економска рецесија од крајот на Втората светска војна, оцени во понеделникот министерот за економија Бруно Ле Мер на сослушувањето на Комисијата за економски прашања во Сенатот, јави дописникот на МИА.

-Најлошата бројка за раст што ја имаше Франција од 1945 година, е таа од  2009 година по големата финансиска криза од 2008 година: -2,2 отсто. Ние веројатно ќе бидеме далеку над -2,2 отсто оваа година, рече министерот.

Според предвидувањето растот за оваа година би требало да се намали за -3 отсто, бројка која може да се влоши. Инаку, во моментов 35 отсто од француската економија е запрена со работа, околу 5 милиони работници се на працијална невработеност од вкупно 470 00о претпријатија.тг/

Back to top button
Close
Close