СветСвет.Портал

Бројот на жртви во авионски несреќи во 2019 помал за половина

Бројот на жртви во големи авионски несреќи во светот во 2019 година паднал за повеќе од половина, се наведува во извештајот на консултантската фирма за авијација „То70“.

Франкфурт, 2 јануари 2020 (МИА) – Бројот на жртви во големи авионски несреќи во светот во 2019 година паднал за повеќе од половина, се наведува во извештајот на консултантската фирма за авијација „То70“.

Според податоци на компанијата, минатата година во авионски несреќи загинале 257 луѓе, а во 2018 загинале 534 лица во 13 несреќи.

Бројот на жртви е зголемен кон крајот на декември откако во Казахстан се урна авион на компанијата „Бек ер“ со 93 патници. Несреќата се случи на 27 декември, а загинаа 12 лица.

Најтешката несреќа во 2019 се случи на 10 март, кога се урна „Боинг 737 МАКС“ на етиописка авиокомпанија, а загинаа 157 луѓе. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close