Svet.SlajderСветСвет.Портал

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 27 милиони лица

Повеќе од 27 милиони луѓе, поточно 27.005,196, биле заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдметерс“.

Вашингтон, 6 септември 2020 (МИА) – Повеќе од 27 милиони луѓе, поточно 27.005,196, биле заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдметерс“.

Според веб-страницата, од последиците на вирусот досега починале 882.359 лица, а оздравеле 19.103.268 лица.

Во моментов има повеќе од седум милиони активни случаи.

Ситуацијата е најтешка во САД, каде повеќе од 6,4 милиони луѓе се заразени со коронавирусот.

На второ и трето место се Бразил и Индија со над четири милиони заразени.

Русија и натаму е четврта во светот и прва во Европа по бројот на заразени со вирусот Ковид-19. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close