БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Бројот на заразени со коронавирус во Словенија се зголеми на шест

Словенечките здравствени власти соопштија дека се потврдени уште три нови случаи на коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени лица се зголеми на шест.

Љубљана, 6 март 2020 (МИА) – Словенечките здравствени власти соопштија дека се потврдени уште три нови случаи на коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени лица се зголеми на шест.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, последниот инфицирани е 32-годишен маж, кој сам се пријавил во болницата во Марибор и на никаков начин не е поврзан со претходно заразените.

Тројцата заразени мажи кои беа заедно на патување во Мароко се во добра здравствена состојба.

Меѓу заразените има и маж и жена кои заедно биле на патување во Северна Италија и се претпоставува дека таму се заразиле. ав/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close