Дописници МКДОпштински вести

Бројот на запишани првачиња во Кочани ќе биде поголем за околу 25 отсто

Годинава над 410 ученици треба да се запишат во прво одделение во петте основни училишта во општина Кочани, што претставува пораст за околу една четвртина во споредба со минатата учебна година.

Кочани, 6 мај 2021 (МИА) – Годинава над 410 ученици треба да се запишат во прво одделение во петте основни училишта во општина Кочани, што претставува пораст за околу една четвртина во споредба со минатата учебна година.

Пред почетокот на уписот на првачињата, се одржа работен состанок на директорите на училиштата со градоначалникот Николчо Илијев и со надлежните служби во локалната самоуправа, при што се договараа деталите околу распоредот на обврските и реализацијата на запишувањето на новите ученици.

– Во јавноста постоеше дилема дали годинава ќе има доволно првачиња за пополнување на паралелките, но можам да потврдам дека бројот е поголем од лани и изнесува 412 училишни обврзници. Тоа е факт што радува, а вреди да се нагласи дека е зголемен бројот и на првачиња во подрачните училишта во општината. Годинава ќе има нови ученици и некои населени места каде минатата учебна година немаше запишано ниту едно прваче, истакна Лилјана Арсова, советник за образование во Општина Кочани.

Таа додаде дека во новата учебна година ќе се запишуваат деца родени во 2015 година, а постои можност и за запишување на максимум 25 ученици кои се родени 2016 година, но со претходна согласност од родител.

Одговорните во училиштата апелираа до родителите при запишувањето на своите деца во прво одделение да ги запазат мерките и протоколите за заштита од КОВИД- 19. та/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close