СветСвет.Портал

Бројот на загинати во експлозијата во Бејрут достигна 158, повеќе од 6.000 повредени

Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот денеска се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.

Бејрут, 8 август 2020 (МИА)Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот денеска се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.

Како што се наведува, 21 лице се водат како исчезнати.

Експлозијата во пристаништето во Бејрут ја предизвикаа повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој бил складиран шест години, откако бил конфискуван од царинската служба. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close