СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Бројот на умрени од коронавирусот во Иран се зголеми на 54

Бројот на починати од коорнавирусот во Иран во последните 24 часа се зголемил на 54, а бројот на заразени на 978, соопшти портпаролот на иранското Министерство за здравство.

Техеран, 1 март 2020 (МИА) – Бројот на починати од коорнавирусот во Иран во последните 24 часа се зголемил на 54, а бројот на заразени на 978, соопшти портпаролот на иранското Министерство за здравство.

Според него, само во последните 24 часа се регистрирани 385 нови случаи на заразени, јавија британските медиуми.

Портпаролот на иранското Министерство ги повика Иранците да не патуваат без некоја посериозна причина и да останат во своите домови. сд/

Back to top button
Close
Close