СветСвет.Портал

Бројот на починати од коронавирус во Иран достигна 19, заразени се 139 лица

Иранските власти соопштија дека во последните 24 часа уште четири лица починале од коронавирусот, а исто така регистрирани се уште 44 нови случаи на заразата.

Техеран, 26 февруари 2020 (МИА) – Иранските власти соопштија дека во последните 24 часа уште четири лица починале од коронавирусот, а исто така регистрирани се уште 44 нови случаи на заразата.

Со тоа вкупниот број на починати во Иран достигна 19 лица, а 139 се заболени.

Голем дел од новите случаи се регистрирани во градот Кум, кој е жариште на заразата во таа земја, но има и четворица заболени во Техеран. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close