ЕвропаЕвропа.Портал

Бројот на невработени во Австрија се зголеми на 170.000 лица

Бројот на луѓе во Австрија кои поради пандемијата на коронавирусот останаа без работа се искачи на 170.800, соопшти Службата за вработување.

Виена, 27 март (МИА)Бројот на луѓе во Австрија кои поради пандемијата на коронавирусот останаа без работа се искачи на 170.800, соопшти Службата за вработување.

Во текот на вчерашниот ден бројот на невработени изнесуваше 163.200 лица.

Од 16 март, кога стапија на сила мерките за ограничено движење, голем број фирми од секторот за услужни дејности мораше да бидат затворени.

Највисок пораст на невработеноста е забележан во гастрономијата со отпуштени 56.200 лица, по што следи градежништвото со 20.800 отпуштени. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close