0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Бројот на гледачи на португалското Гран при се намалува од 46 на 27,5 илјади

Организаторите на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Португалија најавија намалување на бројот на гледачи.

Портимао, 19 октомври 2020 (МИА) – Организаторите на трката од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Португалија најавија намалување на бројот на гледачи.

  • Додека ја чекаме конечната одлука на Министерството за здравство, одлучивме максималниот број на гледачи да биде 27.500, соопшти Пауло Пинеиро, раководител на патеката „Алгарве“.

Првично, 46 илјади билети беа ставени на продажба, меѓутоа, поради влошената состојба со коронавирусот во земјата, беше одлучено да се намали бројот на навивачи на трибините.

Трката во Портимао, треба да се вози следниот викенд. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close