0_Магазин.ПорталВидеоСцена

Бритни Спирс „плачела две недели“ по последниот биографски документарец

И претходно говореше за документарецот, но вчеравечер преку Инстаграм, таа меѓу другото, напиша: „Не го гледав документарецот... Но, она што го видов, ме остави засрамена во светлото во коешто ме претставија“.

Лос Анџелес, 31 март 2021 (МИА) – Бритни Спирс вели дека „плачела две недели“ откако погледнала дел од последниот документарен филм којшто ја прикажува нејзината кариера и животот воопшто.

„Местенката за Бритни Спирс“ (Framing Britney Spears) беше премиерно прикажан во февруари и го испитува издигнувањето на поп-пејачката до врвот на музичката индустрија, нејзиниот третман од страна на таблоидите, нејзиното психијатриско лекување 2008 година и сè што следеше потоа…

Спирс и претходно говореше за документарецот, но вчеравечер преку Инстаграм, таа меѓу другото, напиша: „Не го гледав документарецот… Но, она што го видов, ме остави засрамена во светлото во коешто ме претставија. Плачев две недели… И, добро… Сè уште плачам понекогаш!!!!“.

Изјавата е придружена со видео од поп-ѕвездата како танцува на песната „Crazy” (Луда) од „Аеросмит“.

Таг
Back to top button
Close
Close