0_Магазин.ПорталСцена

Британските ѕвезди бараат Владата да ја спаси музичката сцена

Во отвореното писмо, се предупредува дека забраната за масовни собири може да значи крај на настаните во живо.

Лондон, 2 јули 2020 (МИА) – Ед Ширан, сер Пол Мекартни, Дуа Липа, како и членовите на „Ролинг стоунс“ и „Колдплеј“ се меѓу 1.500 потписници на барањето до Британската влада за помош и спас на музичката сцена, која е погодена од корона-кризата, покрај сѐ друго.

Во отвореното писмо, се предупредува дека забраната за масовни собири може да значи крај на настаните во живо. Тие укажуваат и дека на мерките за физичко растојание не им се гледа крајот, но и дека досега не е договорена никаква финансиска поддршка од властите.

Според британските музичари, иднината на концерти и фестивали, како и иднината на илјадници луѓе кои работат во оваа индустрија, изгледа мрачна и сива. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close