Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Британските лабуристи меѓу пет пратеници ќе го бираат наследникот на Корбин

Петмина британски пратеници ја добија потребната партиска подршка за да можат да се кандидираат за функцијата претседател на Лабуристичката партија и наследник на Џереми Корбин, како и да ја обноват партијата која на претходните парламентарни избори, во декември, доживеа тежок пораз од конзервативците на Борис Џонсон, соошти денеска партијата. 

По првиот круг од изборот на номинирање на новиот лидер на партијата, само еден кандидат, Клајв Луис, не ја доби поддршката од 22 пратеници во британскиот или Европскиот парламент, па тој денеска се откажа од натамошната трка.
Кандидатите кои ја минаа првата селекција до 14 февруари треба да добијат подршка од пет отсто од локалните одбори на партијата или од три организации, меѓу кои, барем два мора да се синдикати блиски до лабуристите.
Најмногу шанси засега им се даваат на пратениците Ребека Лонг-Бејли (40) и Кери Стармер (57). Првата, во партијата задолжена за претприемништво, ја сметаат за природниот наследник на Корбин, краен левичар, кого го критикуваат заради неговиот радикализам и одбивањето во предизборната кампања јасно да се изјаснат за останувањето во Европската унија.
Еурофилот Кери Стармер, во последните три години во оваа опозициска партија беше задолжен за Брегзит. Поранешниот главен обвинител во Англија и Велс со своето правно искуство редовно се користеше за да ја критикува Конзервативната влада.
Двајцата најизвесни фаворити ќе се натпреваруваат и со Џеси Филипс (38), пратеничка од 2015 година, и со Лиса Нанди (40), во партијата задолжена за енергетиката. Последна кандидатка е ерофилката Емили Торнбери (59) која во последен момент успеа да ја добие потребната подршка, а во партијата е задолжена за надворешната политика.

Гласањето на членовите на партијата е планирано од 21 февруари до 2 април, а името на новиот лидер ќе се знае на 4 април. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close