Дописници МКДОпштински вести

Британскиот сој и непочитувањето на мерките се главни причини за високите бројки во Прилеп

Британскиот нов сој на вирусот и недоследното почитување на мерките се главните причини заголемиот број новозаразени од Коронавироусот во Прилеп.

Прилеп, 3 март 2021 (МИА) – Британскиот нов сој на вирусот и недоследното почитување на мерките се главните причини заголемиот број новозаразени од Коронавироусот во Прилеп.

Според епидемиологот при прилепскиот Центар за јавно здравје Тања Мургоска Станимировиќ, новиот бран кој беше очекуван донесе за четирипати повеќе новозаразени во февруари, во споредба со јануари.

– Од втората половина на февруари во целата држава се регистрираше зголемен број на заболени од Ковид 19. Неколку градови се истакнуваа со позначајно зголемување меѓу кои беше и Прилеп. Ако во јануари беа пријавени 195 новозаболени, или просечно 50 случаи неделно, само во втората недела на февруари бројот се зголеми на 198,  наредната недела 274, а во последната недела од февруари бројот достигна 315 новозаболени. Или споредбено, во февруари има регистрирано четирипати поголем број новозаразени во споредба со јануари. Новиот бран беше очекуван, не само кај нас. Има нов трет бран, америкаците зборуваат и за четврти бран. Една од причините е новата мутација, британскиот сој на вирусот, рече Станимировиќ.

Таа посочи дека според последните податоци од лабараторијата на МАНУ кои вчера биле соопштени, во 50 отсто од испитаните примероци од целата држава, докажано е присуството на новиот, британски сој на вирусот. Станимировиќ истакна дека може да се каже дека во моментов доминира британскиот сој на вирусот кој, како што вели, е позаразен.

– Ако во почетокот се сметаше дека заразноста е поголема за 30 до 50 проценти, сега се смета дека уште позаразен, од 50 до 80 проценти од досегашниот сој на вирусот.  Според информациите од МАНУ, досега во државава се докажани 35 различни мутации на вирусот и покрај британскиот се споменува дека е присутен чехословачкиот сој, но јужноафриканскиот, бразилскиот сој сѐ уште не се детектирани, објаснува Станимировиќ.

Епидемиологот Станимировиќ вели дека има доволно тестови и сите, според протоколите, кои побарале, а имаат симптоми се тестирани, но загрижува фактот што 50 отсто се позитивни.

– Од почетокот на пандемијата ги следиме протоколите и препораките за тестирање. Мислам дека сите лица кои побарале да се тестираат кои имаат симтоми, сите се тестираат. Така е и во болницата каде се земаат брисевите, и во Здравствениот дом каде се брзите тестови. Да кажам дека само за февруари се направени 1644 тестови. Процентот на позитивните е висок, околу 50 проценти. Значи повеќето што се тестирале, се позитивни. Тестови има доволно., нагласува Станимировиќ.

Инаку, од почетокот на пандемијата досега се регистрирани осум случаи на повторно заразување со вирусот. Тоа е речиси занемарлива бројка и е под еден процент.

-Во светот се направени студии за реинфекциите. Пријавени се, истражувани се. Бројот на реинфекции навистина е многу мал. Кај нас се помал од еден процент. Ако од почетокот на инфекцијата се пријавени 5543 случаи, а пријавени се 8 ренифекции, тој процент е 0,09, речиси занемарлив број. Главно, станува збор за случаи кога болеста е прележана лесно, асимптоматски, не се создале доволно антитела, или од нивото на антителата зависи дали ќе има повторно заразување. Имунитетот по прележување на болеста се намалува. Тука е и појавата на мутациите, новите соеви на вирусот. Не е истражено дали стекнатиот имунитет од еден сој ќе штити и од другите, нови соеви на вирусот. Реинфекциите не се од новиот сој, зашто периодот е краток од неговата појава, вели епидемиологот при прилепскиот Центар за јавно здравје Тања Мургоска Станимировиќ.

Прилепската болница засега се носи со зголемените бројки на хоспитализирани и има доволен персонал. Моментално се хоспитализирани 72-јца пациенти во инфективното и двата ковид-оддели на одделенијата за уво,нос и грло и на интерното. За да се намали притисокот одвоени се по една соба на другите одделенија за сместување на еден-до двајца пациенти. Има 10-ина слободни кревети. Забрзано се работи на оспособување на модуларната болница со капацитет од 30-ина легла. Вакцинацијата на медицинскиот персонал во болницата заврши. Вакцинирани се и 25-те вработени во Службата за итна медицинска помош, а во тек е вакцинацијата на вработените во центарот за јавно здравје и во Здравствениот дом каде дневно се прават по 40-ина брзи тестови. процентот на позитивни е 56 насто.ем/фф/

Back to top button
Close
Close