ЕвропаЕвропа.Портал

Британскиот министер за трговија поднесе оставка

Британскиот министер за меѓународна трговија Конор Барнс поднесе оставка, откако истрагата утврди дека ја злоупотребил службената должност со цел да заплаши едно лице кое имало финансиски проблеми со неговиот татко.

Лондон, 4 мај 2020 (МИА) – Британскиот министер за меѓународна трговија Конор Барнс поднесе оставка, откако истрагата утврди дека ја злоупотребил службената должност со цел да заплаши едно лице кое имало финансиски проблеми со неговиот татко.

Парламентарната комисија за борба против корупција утврди дека Барнс „го ставил личниот пред јавниот интерес, најавувајќи дека ќе ја употреби својата јавна положба“, објави Скај њуз.

Тој наводно писмено му се обратил на лицето и му се заканил дека ќе го изнесе случајот на својот татко во врска со неисплатен долг пред Долниот дом на Парламентот, предупредувајќи го дека тоа би можело да биде „евентуално непријатно искуство“.

Од Барнс, кој му бил помошник на Борис Џонсон додека ја вршел функцијата министер за надворешни работи, било побарано да се извини, а му се заканува и седумдневна суспензија од Долниот дом на Парламентот, која мораат да ја потврдат пратениците. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close