ЕвропаЕвропа.Портал

Британски виролог тврди дека капките кои содржат коронавирус се заразни еден час

Британскиот виролог Венди Баркли изјави дека лабораториските испитувања покажуваат оти капките кои содржат коронавирус во воздухот можат да останат заразни еден час.

Лондон, 12 јули 2020 (МИА) – Британскиот виролог Венди Баркли изјави дека лабораториските испитувања покажуваат оти капките кои содржат коронавирус во воздухот можат да останат заразни еден час.

Затоа е значајно што Светската здравствена организација оваа недела го смени службениот став, признавајќи дека пренесување на коронавирусот со преку воздух сепак е можно, рече Баркли, која е вработена во Империјал колеџ во Лондон.

Што се однесува до употребата на маски за лице, Баркли рече дека нивната цел е да ги заштитат другите луѓе од заразените луѓе кои ги носат, бидејќи тие можат до одреден степен да спречат пренесување на коронавирусот преку капки, пренесува „Гардијан“. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close