Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година

Врвниот британски професор и здравствен експерт, Крис Вит, денеска изјави  дека очекува коронавирусот „значително“ да циркулира барем до 2021 година.

Лондон, 23 јуни 2020 (МИА) – Врвниот британски професор и здравствен експерт, Крис Вит, денеска изјави  дека очекува коронавирусот „значително“ да циркулира барем до 2021 година.

-Ќе бидам изненаден и воодушевен ако со оваа сегашна состојба не бидеме до зима или следната пролет, изјави тој на денешната прес-конференција.

Вит додаде дека очекува до тој период коронавирусот, сепак, значително да циркулира и дека е доста оптимистички да се очекува дека науката ќе дојде до напредок во тој период. сд/

Back to top button
Close
Close